УТРОВО БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОЧНА ГЛАСАЊЕТО ВО ОХРИД

13 April, 2014 - 10:02

Изборниот процес во општина Охрид почна во законски утврдениот термин. Отворени се сите 88 избирачки места, а гласањето до овој момент се одвива без проблеми информираат од ОИК.

 

-Во сите 88 изборни места тие се навреме отворени  изборниот процес теше во најдобар ред. Вкупно во Општина Охрид во избирачкиот список се запишани 51.156 избирали, од тоа во Единствениот избирачки список  45.066, а во посебниот за странци  60.191 избирач.-изјави Mарика Костадиноска – претседател на ОИК Охрид.

 

Според информациите од избирачките одбори, одзивот на гласачите утрово во Охрид е нешто над 5 проценти, а поголема излезност се очекува во попладневвните часови.

 

-Моментално се наоѓаме на гласачкото место 1252, средно економско училиште.По избирачкиот список право глас треба да остварат 843 лица, до овој момент гласале околу 60 лица или околу 6 проценти. Гласачкото место е отворено во точно во 7 часот не се забележани никакви неправилности гласањето е во најдобар ред.-рече Пател Ахмет  - член на Избирачки одбор

 

Своето право на глас вчера во општина Охрид го искорисле 134 болни и немоќни лица, како и затворените и лицата во притвор.

Горан Момировски

Веста е прочитана 150 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.