ПОЛОШКИ РЕГИОН - МНОГУ МАЛ ОДЗИВ ВО ГОЛЕМА РЕЧИЦА

13 April, 2014 - 10:11

Во тетовско - госитварскиот регион, според ОИК, сите гласачки места се отворени. Одзивот на гласачите, според дел од избирачките одбори, е задоволителен. Тие велат дека избирачкиот материјале е комплетен.

 

За разлика од Тетово, во Мала Речица можеше да се забележи дека одзивот е многу мал. На едно избирачко место до посетата на екипата на Телма, не излегол ниту еден гласач. Од избирачкиот одбор на прашањето дали очекуваат гласачи велат дека „секој има право на гласање“.

Зоран Димовски

Веста е прочитана 94 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.