ГЛАСАЊЕТО ВО КУМАНОВСКИОТ РЕГИОН ЗАПОЧНА ВО НАЈДОБАР РЕД

13 April, 2014 - 10:19

Во сите шест кумановски општини гласањето започна навреме и во најдобар ред, велат во изборните комисии. Во избирачките одбори се уверени дека без проблеми ќе помине целиот изборен ден. Гласачите во прв ред ја истакнуваат надежта дека проблемите од економко - социјален карактер ќе се решаваат за добро на граѓаните.

Во Липковскиот регион одзвиовот е многу мал, велат од одборите.

Во Крива Паланка одзивот е добар во утринските часови.

Фросина Лазаревска

 

Веста е прочитана 94 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.