РЕГУЛАРЕН ПОЧЕТОК НА ГЛАСАЧКИОТ ПРОЦЕС ВО ТИКВЕШИЈАТА

13 April, 2014 - 10:27

На сите 28 избирачки места во општина Неготино гласањето започна навреме и се одвива во нормална атмосфера. Граѓаните од рано утрово го остваруваат своето право на глас,информираа од ОИК.

Снежана Цветкова,претседател на ОИК Неготино вели дека на територијата на општина Неготино согласно избирачкиот список има евидентирано 16 005 гласачи, кои гласаат на 28 избирачки места. Сите се отворени точно навреме точно во 7 часот и во моментов гласањето се одвива во најдобар ред, рече таа.

Од Избирачкото место 1217 во зградата на локалната самоуправа велат дека граѓаните се запознати со начинот на гласање и истото се одвива во најдобар ред.

Вообичаено повозрасните Неготинци први излегоа на гласање, тие од идниот претседател  очекуваат да работи домаќински, да нема расправии меѓу политичарите, за да им се овозможи подобар и подостоинствен живот на граѓаните. 

Гласањето започна навреме и во другите општини од тиквешкиот регион, во Кавадарци гласаат 32 381 избирачи, во општина Росоман 3375 и во Демир Капија своето право на глас го остваруваат 3420 граѓани.

Билјана Наумова

Веста е прочитана 83 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.