МИРЕН ИЗБОРЕН ПОЧЕТОК ВО ПРИЛЕП

13 April, 2014 - 10:37

Во фер и демократска атмосфера, мирно изутринава се одвива изборниот процес во Прилеп. На 142 избирачки места денеска своето право на глас треба да го остварат 64 567 избирачки запишани во единствениот избирачки список.

изјава Елена Чагороска претседател на ОИК ПРИЛЕП

Членовите на избирачките одбори потенцираат дека избирачките места се отворени навреме, дека е доставен комплетен гласачки материјал и тврдат гласањето се одвива без проблеми.

изјава претставници на избирачки одбори

Граѓаните го остваруваат своето право на глас и имаат свои очекувања.

изјава граѓани

Вчера во Прилеп го остварија своето право на глас за овие претседателски избори 260  немоќни и болни лица.  

Веста е прочитана 92 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.