ПРОПАГАНДЕН МАТЕРИЈАЛ ПРЕД ГЛАСАЧКО МЕСТО ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

13 April, 2014 - 10:53

Во 13 општини во источна Македонија 373. избирачки места се отворени во седум часот. Претседателката на Општинската изборна комсија во Свети Николе, Убавка Гаврилова за неправилностите кои ги има констатирано МОСТ вели дека пропагандниот материјал на избирачкото место 1686 е пронајден утринава во 6.30 часот, пред да почне гласањето, од страна на комисијата и на полицијата. Материјалот е отсранет, а избирачкото место е отворено во седум часот. Што се однесува за гласачкото место 1680 во новиот Здравствен дом, според гаврилов, немаат забележано неправилности, иако  легитимирањето на избирачите е правено во приватен двор.

 

Во источна Македонија  денеска правото на глас можат да го искористат 162 403, а на списокок за иселиници се 8 818.

 

Штипјани денеска велат дека за нив се свечен ден. Сметаат дека во источна Македонија изборите секогаш поминуваат без инциденти.

 

Во Штип на овие избори право на глас имаат 39 903 гласачи , а на списокот за иселеници кои можат да гласаат денеска на избирачките места има евидентирано 1796 лица.

Викторија Јованова

Веста е прочитана 91 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.