УТРОВО НАЈГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТА ВО БИТОЛА, НАЈМАЛА ВО АРАЧИНОВО

13 April, 2014 - 11:07

До 9 часот излезноста е околу 9 отсто, од нецелосен увид на избирачките места, соопшти утрово на првата прес конференција Државната изборна комисија (ДИК).Најголема излезност е регистрирана во Прилеп, а најмала во Арачиново.

 

-Процентот на избирачи кои гласале, според податоците добиени од определен број на гласачки места,изнесува 9,16 проценти. Засега, според податоците, најголем е бројот на излезени гласачи во Прилеп, 15,43 Голема, голема излезност има и во Битола, односно 13 проценти. Засега без проблеми тече гласањето, сите избирачки места се отворени, а информациите од социјалните мрежи се неофицијални и ДИК ќе се произнесе подоцна, по завршувањето на гласањето, изјави Билјана Јовановска, портпарол на ДИК.

Веста е прочитана 85 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.