РАСТЕ ИЗЛЕЗНОСТА НА ГЛАСАЧИТЕ ВО СТРУМИЧКО

13 April, 2014 - 12:01

Во струмичкото село Дабиле и во изборен ден жителите ги вршат секојдевните активности. Тие што имат работа заминуваат на нивите со механизизацијата, а повозрасните го искористија своето право на глас во претпладневните часови. Од вкупно запишани 1.617 гласачи до пладне гласале околу 20 отсто на двете избирачки места. Членовите на избирачките одбори очекуваат излезноста да порасне во попладневните часови.

-Обично во нашата средина тука некаде се движи процентот излезеност некаде до пладне, а поголем процент очекувам попладне, рече Ацо Атанасов, претседател на избирачки одбор во село Дабиле.

Жителите на Дабиле очекуваат изборите да поминат во фер и демократска атмосфера, а посакуваат просперитет и вработување на младите.

-Очекуваме од овие избори да поминат фер, демократски и се да биде во најдобар ред. Да нема никакви проблеми и да биде се најдобро, рече жител на село Дабиле.

-Очекуваме нешто да тргне напред, да има вработување, народот да дојде до пари. Очекуваме напред да тргне државата, рече друг жител на село Дабиле.

Инаку, излезноста во општина Струмица до пладне е околу 20 отсто.  На 83 избирачки места своето право на глас треба да го остварат 48.215 граѓани. Досега не се забележани нарушувања на изборниот просец.

Ристо Тасев

Веста е прочитана 128 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.