ВО ЛИПКОВСКО МНОГУ МАЛ БРОЈ НА ГЛАСАЧИ

13 April, 2014 - 12:08

Bо општините од североисточниот регион изборниот процес засега тече без никакви нерегуларности, соопштуваат општинските изборни комисии. Нема забелешки и нарушувања на гласањето но скоро да нема ни гласачи.- велат во општина Липково. Таму посетивме две избирачки места во основното училиште „Фаик Коница“ во селото Слупчане.

 

-Утрово на гласање излегоа пет - шест лица, вели Осман Исмаили- Претседател на ИЕ 1125.

 

Ќани Мемети, Претседател на ИЕ 11 25/1 вели дека изборниот процес се одвива нормално, а дека на гласање излегле четири лица.

 

Жителите на  Слупчане се надеваат дека ќе се надминат етничките бариери наметнати од политичарите, а нивните очекување главно се насочени кон подобрување на условите за живот и влез во Европската Унија. Добивме и такви одговори дека изборите нема да донесат ништо подобро.

 

-Многу убаво живеевме, а сега меѓу нас има омрза. И кај вашите и кај нашите е така, подобрување нема се додека се караат. Треба да има работа, братство, сите да сме еднакви, да нема омраза, тоа е најдобро за насм ни рече еден жител,

 

Според официјалните податоци од општинските комисии во регионот, до 10 часот најмала е излезноста во Липково, само 1 насто, во Старо Нагоричане 6,2 проценти излегле на гласање, нешто повеќе од 11 насто од гласачите го оствариле правото на глас во општина Ранковце додека во Крива Паланка претпладнево гласале 13, 3 проценти од евидентираните избирачи. Најголем е одзивот во општина Кратово каде до 10 часот имаат регистрирано 19,2 насто излезност. 

Фросина Лазаревска

Веста е прочитана 133 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.