ВО НЕКОИ ПОЛОШКИ СЕЛА ИЗЛЕЗНОСТ НА ГЛАСАЧИТЕ Е 1 ПРОЦЕНТ

13 April, 2014 - 12:14

Изборниот процес во тетовско се одвива нормално. До 10 часот во општина Тетово гласале 3,7, отсто од вкупниот број на запишани граѓани во избирачкиот список. Од општинската изборна комисија од Тетово, очекуваа поголема излезност во текот на денот.

 

И во Гостивар гласањето се одвива во демократска амтосвера. Илезноста до 10 часот изнесува 2,9 отсто.

 

Во одредени рурални средини, изленоста до 10 часот изнесува околу 1 процент.

 

Дел од гласачите велат дека новиот начин на обележување на гласачите со видливо мастило, го уназадува изборниот процес, останатите се согласуваат со ваквиот начин на гласање.

 

Во општините Маврово Ростуше, Брвеница и Јегуновце излезноста на гласачите до 10 часот е околу 4 отсто. Во Теарце изнесува 2,5 а во Желино Врапчиште и Боговиње е околу 1,5 отсто. Во тетовско гостиварскиот регион се гласа на 464 избирачки места а своето право на глас можат да го остварат 281 473 граѓани

Веста е прочитана 101 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.