ВО СТРУГА МИРНО СО ПОМАЛА ИЗЛЕЗНОСТ НА ГЛАСАЧИТЕ

13 April, 2014 - 12:31

Изборниот процес во општина Струга се одвива мирно без проблеми и регистрирани неправилности, информираат од ОИК. Гласањето се одвива на 101 избирачко место, а излезноста до 10 часот е мала и изнесува 3 проценти.

 

-Избирачкото место е отворено на време точно во 7 часот, до сега избирачкиот процес се одвива без пречеки, се е во ред. Од 586 гласачи до сега се излезени околу 130 гласачи.-изјави Ирена Размоска потпретседател на ИМ 1848 Струга.

 

Граѓаните на Струга очекуваат фер и демократски избори, а од идниот претседател на државата одговорно да ја извршува функцијата.

 

-Од идниот претседател очекуваме пред се одговорно да ја  извршува функцијата и да има демократија во земјата-истакна жителка на Струга.

-Очекувам идниот претседател да има цврст став за името и да не дозволи менување на националниот идентитет.-рече повозрасен жител на Струга.

-Да се реши спорот за името со Грција, сметам дека тоа во овој момент е најважно за земјата.-истакна помлад стружанец.

 

Во општина Струга право на глас имаат 57 983 граѓани.

Горан Момировски

Веста е прочитана 116 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.