ТЕНИС

НОВАК ЃОКОВИЌ ЈА БРАНИ ТИТУЛАТА ВО МОНТЕ КАРЛО

15 April, 2014 - 09:29

Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал пред настапот на Мастерс турнирот во Монако смета дека најголем конкурент за трофејот ќе му биде Новак Ѓоковиќ против кого ќе мора да одигра агресивно.

- За да го победам Ѓоковиќ ќе морам да бидам агресивен, да се движам многу добро и во секој поен да бидам концентриран. Ќе треба на секој можен начин да го најдам најдобриот пат до секој поен, истакна шпанскиот тенисер.

Надал вели дека Србинот е во подобра форма, но играта на земјени терени е предност за него.

- Новак доминираше на изминативе неколку турнири, но јас сум прв на АТП листата и со таков пласман го дочекувам Монте Карло. Позитивно за мене е што ќе играме на земјена подлога. Во секој случај ќе мора да дадам 100% за да може да се надевам на успех, истакнува Надал.

На Мастерсот во Монте Карло бранител на трофејот е Ѓоковиќ, кој во Кнежеството доаѓа по успешната американска турнеја и титулите од Индијан Велс и Мајами.

Веста е прочитана 126 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.