ТЕНИС

ДАВИД ФЕРЕР ГО ЕЛИМИНИРА РАФАЕЛ НАДАЛ

18 April, 2014 - 14:29

Давид Ферер направи големо изненадување на Мастерсот во Монте Карло, во четвртфиналето со 2:0 го победи првиот фаворит и сонародник Рафаел Надал, по сетови 7:6 и 6:4, мечот траеше 2 часа  и 13 минути. За Рафаел Надал ова е прв пораз во Монте Карло по 2005 година а тоа да не е финале на овој Мастерс. Противник на Ферер во полуфиналето е Станислас Вавринка од Швајцарија кој меѓу четирите најдобри на турнирот дојде по победата над Милош Раониќ со 2:0, по сетови 7:6 и 6:2, мечот траеше 91 минута.

Попладнево во вторите две четвртфинални дуели се среќаваат Федерер - Цонга и Ѓоковиќ - Лопез. 

Веста е прочитана 119 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.