ЗАПОЧНА СЕИДБАТА НА ОРИЗОТ ВО КОЧАНСКИОТ РЕГИОН

18 April, 2014 - 15:44

Почна сеидбата на ориз во кочанскиот регион. Први со сеидба почнаа оризпроизводителите од кочанското село Оризари, каде што се зафаќаат водите од Оризарска Река. И покрај тоа што површините под оваа земјоделска култура се намалени за 35 отсто, сепак оние кои што годинава садат ориз велат дека очекуваат добар принос.

 

Годинава во источниот регион ориз ќе се сади на 2 800 хектари што е за 1 500 хектари помалку во споредба со минатата година. Последните врнежи од дожд, но и снег на планините , го зголемија нивото на водата во најголемата акумулација во овој дел од земјата  за 10 проценти. Браната Калиманци сега е полна 65 отст или, во неа има 68.700.000 метри кубни вода. Водопстопанство Брегалница сезоната за наводнување на земјоделските површини од кочанскиот до овчеполскиот регион се очекува да ја почне по празниците.

 

Зоран Беличев директор на Водостопанство Брегалница дека Хидроисистемот Брегалница ќе се активира по Велигден,некаде по 22 април.

 

И покрај тоа што оризопроизводителите поднеле барање за зголемување на површините на ориз, сепак планот е донесен бидејќи браната Калиманци треба да ги задоволи и потребите на земјоделците од штипскиот и овчеполскиот регион, до каде што треба да пристигне  вода и за останатите земјоделски култури.

Викторија Јованова

Веста е прочитана 83 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.