Независниот синдикат на камионските транспортери со барања до министерот за транспорт и врски

1 October, 2017 - 16:12

Независниот синдикат на камионските транспортери бара укинување на доплатата за зелениот картон, враќање на бенефицираниот стаж за професионалните возачи на камиони и ревидирање на наплатата за патишта, за која велат дека сега трикратно ја плаќаат.

Синдикатот реагира и на однесувањето на работодавачите кои не ги уплатуваат редовно средствата во ПИОМ за своите работници. Денеска побараа средба со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, кого владата го определи за преговарач за проблемите на камионџиите и да му ги пренесат барањата кои сметаат дека итно мора да се решат. Од министерството не добија одговор. На нашето прашање, дали министерот ќе им излезе во пресрет на барањата, од неговиот кабинет ни одговорија дека првин треба да ги достават барањата, па откако ќе ги разгледаат, ќе заземат став и ќе ги повикаат на разговор. 

Далиборка Дамјанска Цветановска

Веста е прочитана 453 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.