Почина музичката легенда Том Пети

3 October, 2017 - 10:10

Легендарниот рок музичар Том Пети почина на 66-годишна возраст во Калифорнија, објавија светските агенции.

Тој почина синоќа в болница во Лос Анџелес, каде што бил однесен во бессознание по срцевиот удар, кој го добил во својот дом во Мајами. 

Пети е познат по хитовите „Фри фолинг“ (Free Fallin) и „Американ грл“ (American Girl). Неговата кариера е поврзана со рок групата „Хартбрејкерс“ (Heartbreakers) и со групата „Травелинг Вилберис“ (The Traveling Wilburys).

„Пети и Хартбрејкерс“ (Tom Petty and the Heartbreakers) оваа година го започнаа одбележувањето на 40-годишнината со турнеја во САД. Нивните последни три концерти беа во септември во Лос Анџелес. Бендот требаше да свири и на два концерта во Њујорк во ноември.

Пети ја создаде групата „Хартбрејкерс“ кон средината на 70-те години на минатиот век, а во 80-те беше коосновач на „Травелинг Вилберис“ (The Traveling Wilburys), заедно со Боб Дилан, Рој Орбисон, Џорџ Харисон и Џеф Лин. 

Веста е прочитана 512 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.