Запалено возилото на таткото на Боки 13

3 October, 2017 - 11:21

Синоќа во 2 часот во населбата Тафталиџе опожарен е нов џип „БМВ“. Сведоци велат дека претходно се слушнала голема експлозија. Возилото било паркирано пред семејната куќа на Бојан Јовановски, Боки 13-ка, а било сопственост на неговиот татко.

Со брза интервенција на противпожарното возило, големиот пожар бил локализиран и не е проширен на семејните куќи и другите паркирани автомобили.

Истражните органи извршиле увид и не соопштуваат која е причината за опожарување на возилото. 

Веста е прочитана 6918 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.