Јанева заедно со полицијата врши претрес во канцеларијата на Панчевски

5 October, 2017 - 14:22

Специјалната обвинителка Катица Јанева заедно со полицијата врши претрес во канцеларијата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, дозната Телма од свои извори.

Како што јавува нашиот репортер Миомир Серафиновиќ таа дошла во судот 12.30, каде биле присутни и полицајци во цивилка.

Пред да влезе не кажа зошто е тука и рече дека потоа ќе даде дополнителни информации. 

Телма веќе објави дека само петнаесетина минути по пристигнувањето на Јанева, која била заедно со обвинителката Ленче Ристовска, во Оснониот суд пристигна и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Тој не даде повеќе детали за неговото присуство во судот, само кратко ни рече: „Вие знете зошто сте дошле“. Но кога му кажавме дека сме за сосема друг случај, тој ни одговори: „Кога ќе биде зе мене ќе знаете и ќе ви одговорам“.

Според нашите информации, Мијалков денеска во судот бил редовно да се пријави, како превентивна мерка која му ја определи судот по барање на СЈО.

Веста е прочитана 17249 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.