Коѕијас: Не сум кажал дека спрот за името е поврзан со јазикот или други прашања

5 October, 2017 - 15:12

Се надевам дека во еден момент ќе можеме да дојдеме во ситуација да имаме содржајни разговори за името. Никогаш не сум кажал дека тоа е поврзано со јазикот или други прашања.

Ова го изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на прес-конференцијата во Солун, одговарајќи на новинарско прашање дали, како што обавија некои грчки медиуми, рекол дека Атина освен името на Македонија оспорува и други прашања како што се јазикот, нацијата... 

Коѕијас, претходно денеска, во Солун имаше средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, на која разговарале за нови форми на соработка.

Во контекст на денешниот состанок на минстрите од Грција, Македонија, Бугарија и Албанија, Коѕијас истакна дека Атина ќе даде поддршка за повеќето земји за членство во ЕУ, како и поддршка за содвање мрежа за соработка.

Тој признава дека Грција се однесувала арогантно кон земјите во регионот во 90-те години, но извлекла поука и се свртела кон градење доверба. Оцени дека односите меѓу земјите во регионот сега се многу поодбри отколку што се перцепира во јавноста. 

- Треба да сме подготвени на компромиси и да не се плашиме. Треба да ги решаваме проблемите, рече Коѕијас.

Во обраќањето на прес-конференцијата во Солун тој нагласи дека иднината на ЕУ е во аеднички интерес и во интерес  перспективата на регионот и оти земјите кандидати за членство во ЕУ во следната фаза на пристапување ќе добијат средства наменети за Југоисточна Европа.

- Со средбата сакаме да ги идентификуваме заедничките интереси, иднината на регионот и грчката надворешна политика е фокусирана на исполнување на денешната агенда како да им се посветеиме на овие прашања како и на прашањата од економијата, културата, образованиетое, истражувањето како и секторите за енергија и за внатрешна безбедност, рече Коѕијас.

Преземени се, додаде, специфични мерки преку пленарните и преку индивидуланите средби, а билатерланите средби биле посветени на тоа како да се продлабочи соработката.

На средбата во Солун договорена е нова средба за шест месеци со прашања во врска со соработка со користење на фондовите на ЕУ.

Веста е прочитана 888 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.