Претресот во кабинетот на Панчевски е предистрага за дело - оддавање службена тајна

5 October, 2017 - 15:48

Според информациите на Телма предистражната постапка на СЈО е за дело оддавање службена тајна. Во тек се уште е претресот во кабинетот на поранешниот претседател на судот, Владимир Панчевски а предистрагата е за него и за уште две лица, информатичари, вработени во Кривичниот суд.

 

Специјалната обвинителчка Катица Јанева изјави дека давале податоци од АКМИС системот на лица кои не се овластени да поседуваат такви информации. Како што кажа обвинителката Јанева, информациите биле поврзани со случаи на Јавното обвинителство.

Поранешниот претседател Панчевски се пожалил на здравствени проблеми за време на претресот, поради шти во судот е испратена екипа на брзата помош.

Специјалните обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска се во судот од 12:30 часот.

Пред да влезат не кажаа зошто се тука и рече дека потоа ќе даде дополнителни информации. 

Телма веќе објави дека само петнаесетина минути по пристигнувањето на Јанева, која била заедно со обвинителката Ленче Ристовска, во Оснониот суд пристигна и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Тој не даде повеќе детали за неговото присуство во судот, само кратко ни рече: „Вие знете зошто сте дошле“. Но кога му кажавме дека сме за сосема друг случај, тој ни одговори: „Кога ќе биде зе мене ќе знаете и ќе ви одговорам“.

Според нашите информации, Мијалков денеска во судот бил редовно да се пријави, како превентивна мерка која му ја определи судот по барање на СЈО.

Веста е прочитана 4729 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.