Шестмина слубеници од земјоделие осомничени за проневера со земјиште и субвенции

5 October, 2017 - 15:59

Шестмина службеници од Министерството за земјоделие се уапсени рано утринава, а уште 18 заработија кривични пријави за давање субвенции под рака. Полицијата се сомнева дака сите учествувале во организиран криминал со што ја оштетиле државата за 220 илјади евра. Раководителите во министерството кои што биле назначени како претседатели на Комисии за давање под закуп на државно земјиште склучиле договори со нови закупци за парцели кои биле спорни и не можеле да бидат изнајмувани. По тоа за овие парцели биле барани и давани субвенции.

Шестмина од осомничените се однесени пред судија на претходна постапка, а тројца како што дознава Телма веќе дале искази. Меѓу осомничените има вработени во подрачните единици на министерството во Скопје, Тетово, Ѓевгелија, Валандово и Богданци. Дел од осомничените се и управители на фирми, македонски но и турски државјани. Злоупотреба на службена должност и овластување правеле во периодот од 2011 до 2016 та година.

Билјана Николовска

Веста е прочитана 3544 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.