Туфегџиќ: Спасовска отвори многу сериозни прашања за правната валидност на доказите во „Монструм“

5 October, 2017 - 16:14

Судијата Владимир Туфегџиќ кој ја водеше истрагата за случајот Монструм смета дека обвинителката Лилјана Спасовска  отворила  многу  сериозни прашања  за правната валидност на доказите, но вели битно и прашањето што дилемите доагаат токму од  јавното обивнителството кое врз тие докази го поднело обвиниението и сметало дека е правно издржано. Туфегџиќ смета дека обвнителката има причини зошто ги истакнала таквите наводи, но очекува да се стави крај на шпекулаците и да има конечна правна завршница.

„За мене е дискутабилно што сега во оваа фаза во трет степен се доведува во прашање подобноста на доказите и истите се доведуваат во конотација, со наводно нелегално прислушкувани разговори, и сметам дека е крајно време и СЈО и државното јавно обвинителство да заземат единствен став и конечно да отворат истрага, односно во тој дел да ја испитаат состојбата во однос на прислушкуваните разговори зошто ако тоа не се направи, шпекулациите во јавноста и дилемите со овој трагичен настан ќе останат и понатаму“, вели Туфегџиќ.

Туфегџиќ вели сите докази кои пристигнале во истражниот оддел за организиран криминал им ги предочил и на обвинетите и на адвокатите, а бидејќи се работело за чуствителен предмет, сите битни истражни дејствија се аудио и видео снимени по негово барање.

„И од таму може да се извлече заклучок и ако се направи увид од снимките, може да се види дали некој на некого вршел притисок и дали се изведени доказите на кои се става денеска знак прашање“, вели Туфегџиќ

Од СЈО велат дека се уште трае предистражната постапка за Монструм и нема новости. А одговор од нив чекаат и роднините на убиените момчиња, но и одбраната на обвинетите. Родителите вчера рекоа дека се разочарани и од политичарите, но и дека што очекувале сека СЈО ќе му даде приоритет на предметот Монструм. Јанева вели работат на предметот. Од државното обвинителство пак втор ден нема одговор на нашите прашања за тоа дали Спасовска, која побара укинување на пресудата има нови сознанија или пак докази за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 2624 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.