Министерски состанок во Солун

5 October, 2017 - 18:16

Државите од југот на Балканот решија да се организираат по примерот на Вишеградската група на држави од централна Европа кои во деведесетите години покажаа многу конкретни резултати во европските интеграциски процеси. Грција, Македонија, Бугарија и Албанија се догоровија да организираат средби како денешната на министерско ниво најмалку еднаш во годината, а по потреба и на секои шест месеци. Теми на овие средби ќе бидат реалицизија на конкретни прокети кои ќе го подобрат секојдневието на граѓаните од југот на Балканот.

На денешната средба во Солун на која се собраа министрите за надворешни и внатрешни работи од овие четири држави се разговараше за сите можности кои би можеле да бидат реализирани во блиска иднина и кои бе довеле до резултати со кои би се подобрил животот на граѓаните и воедно би се придонело кон градење на атмосфера во односите меѓу овие држави во која поефикасно би се решавале и тешките полтички прашања кои ги оптоваруваат односите меѓу земјите во регионот. Прашањето на името не беше тема на оваа конференција. Денеска се разговараше за развој на соработката на различни нивоа, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Целта беше да се најдеме и да се обидеме на заедничките точки да градиме позитивна агенда воглавно фокусирана на соработка на претставници на НВО, на универзитетите и други академски работници, бизнис форум, нагласи Димитров.

На состанокот во Солун министрите за внатрешни работи разговараа за актуелните безбедносни предизвици на југот на Балканот како што се радикалниот екстремизам и тероризмот, организираниот криминал, шверцот на дрога и борбата против шверцот на мигрантите. Министрите за внатрешни работи разговараа и за бегалската криза и утврдија дека тне постои опаснот од нов бегалски бран кој би ја загрозил безбедноста на регионот.

Констатиравме дека во делот на мигрантската криза има услови за опстојување на договорот меѓу ЕУ и Турција. Засега немаме сознанија дека мигрантската криза може да доживее зајакнување или дека може да проработи западнобалканската рута, меѓутоа договоривме зајакнување на соработката во таа сфера, додаде Спасовски.

Денешната конференција во Солун како и петата по ред билатерална средба на министрите Димитров и Коѕијас меѓу другото треба да придонесе за затоплување на грчко-македонските односи кои пред Нова година ги чека големиот предизвик кој ќе произлезе од предлогот за компромисно решение кој го подготвува медијаторот Метју Нимиц. 

Борјан Јовановски

Веста е прочитана 627 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.