Судско-медицинска драма во Кривичниот суд

5 October, 2017 - 18:37

Судско-медицинска драма во Кривичниот суд, откако СЈО побара и доби дозвола за претрес во кабинетот на поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски. Обвинителките дојдоа околу 12.30 часот попладне, не коментираа многу.

Се упатиле во канцларијата на актуелниот претседател и откако потврдиле дека добиле дозвола за претрес почнале да ја пребаруваат канцеларијата на Панчевски на приземјето на судот. Отворена е постапка за дело одавање на службена тајна за Панчевски и за двајца информатичари во судот, изјави 4 часа по доаѓањето во судот Катица Јанева. 

Само два часа по почетокот на претресот во судот стигна и Итна Помош. Панчевски се пожалил на медицински проблеми. Лекарките влегоа внатре и со часови останаа во судот. Според нашите информации истражители на СЈО се во кабинетот, таму се присутни и адвокати на Владимир Панчевски. Се проверува и АКМИС системот, а постапка ана СЈО се погоди во ист ден кога за првпат во судот беше и комисијата на министерството за правда која треба да провери дали системот за електронско распределување предмети бил злоупотребуван. Од комисијата не даваат детали за случајот.

АКМИС системот е дел и од постапката на СЈО, а се испитува како се бирани судии за одредени предмети и дали се точни сомнежите дека се местени суудии и се изнесувани доверливи податоци од истраги на СЈО надвор од судот.

Миомир Серафиновиќ

Веста е прочитана 11457 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.