90 проценти од територијата на Сирија исчистена од ИД

6 October, 2017 - 10:22

Во 91,6 отсто од територијата на Сирија веќе нема сили на терористичката организација ИД. Тоа е наведено во армискиот весник Краснаја увезда, на руското Министерство за одбрана.

Воено воздухопловните сили на Русија  оваа недела извршиле речиси 500 воени летови и уништиле над 1/380 објекти на терористичките групи. Тука се вклучени и летовите на 190 дронови при што се откриени 129 објекти на џихадистите.

Оваа недела руски авиони полетале само еднаш со цел пресретнување странски летала. Не се допуштени нарушувања во воздушниот простор на федерацијата, наведува весникот.

Покрај границите на Русија откриени се 17 странски летала кои извршувале разузнавачки активности, а во близина на руските морски граници, таква активност вршеле и пет бродови.

Веста е прочитана 569 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.