Од утре пад на температурата за 13 степени

6 October, 2017 - 11:17

Од вечер се очекуваат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На планините над 1500 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, особено на запад.

Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе засилува. Максималната температура ќе се движи во интервал од 22 до 28 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран утре ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни со над 20 литри на метар квадратен, претежно во западните и северните делови. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер кој на моменти ќе достигне брзина до 70 км/ч и ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени.

Од недела ќе биде стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

Веста е прочитана 721 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.