Судење на напаѓачот на Шеќеринска

6 October, 2017 - 12:02

Ново судско рочиште денеска треба да се одржи во Кривичниот суд за за нападот врз министерката за одбрана Радмила Шекеринска и премиерот Зоран Заев, за време на насилствата во Собранието на 27 април.

Предходното рочиште на 19 септември беше одложено на барање на адвокатот Драган Пешевски, кој пред судот го брани 65- годишниот Панче Ангеловски, бидејќи тој првпат го сретнал обвинетиот и му било потребно време за советување околу случајот.

Како што рече Пешевски, Ангеловски е правно неук човек и пред да даде свој исказ пред судот, потребно е правно да го советува.

Казната за вакво кривично дело е затвор во траење од 3 до 10 години. Во предходните случаи деветмина добија условни казни.

Веста е прочитана 863 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.