Приведен човек кој прскал со спреј

6 October, 2017 - 12:05

Полицијата синоќа привела човек кој испрскал гасен спеј за заштита во правец на бината на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје, потврдуваат од МВР.

Полицијата соопштува дека е приведен човек со иницијали Р.Р. кој има 36 години. Потоа 15 по 22 часот во полициска станица Центар дошол друг човек 29-годишниот Д.Г., кој пријавил дека додека присуствувал на митингот бил испрскан со спреј од страна на лицето Р.Р.

Инцидентот се случил за време на партискиот митинг пред хотел „Јадран“ во моментот додека на бината бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Р.Р. се обидел да се качи на бината, но бил запрен од обезбедувањето, а потоа полицијата го однела во станица.

Веста е прочитана 779 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.