Напаѓачот на Шеќеринска бара поблага казна

6 October, 2017 - 19:27

Стар сум и жиевеам сам, па доколку одам во затвор нема да има кој да ми помогне. Напаѓачот на Шеќеринска побара поблага казна од судот, но и разбирање за него откако претходно се изјасни за виновен и се извини на јавноста и на оштетените. Не бев свесен за ова грозоморно дело, и во таа еуфорија можеби преемотивно настапив, изјави 65 годишниот Панче Ангелов.

Го повтори тврдењето дека не му била целта да ја повреди Шеќеринска

Не посакувам никому да се најде во ситуација некој да се труди да му помогне на овој начин, саркастично забележа Шеќеринска. Таа побара одговорност и за организаторите на настаните во Собранието, алудирајќи и  на пратениците кои ги отворијата вратите на Собранието. Уште еднаш гледаме кукавички чин каде што наместо нарачателите пред судот ги гледаме само извршителите, рече Шеќеринска.

Обвинителката Наташа Гоџовска побара од судот при одередувањето на казната да ги има предвид олеснувачките, како и отежнувачките околности. Според неа, признанието, возраста на обвинетиот и фактот дека не е осудуван претходно треба да бидат околности за намалување на казната. Отежнувачки се околностите според кои кривичното дело е извршено без повод, на подмолен начин, искористувајќи ја немоќта на жртвата. Степенот на кривична одговорност го подига и местото каде се случил нападот- Собранието, како и фактот дека станува збор за лица кои во тоа време биле пратеници. Адвокатот на Ангелов побара најниска казна со оглед на неговата возраст и претходна неосудуваност.

Пресудата ќе биде изречена следната недела. Ова е втор предмет поврзан со настаните во собранието. Претходно 9 лица добија условни персуди за учество во толпа.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 9300 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.