Калајџиев: Монструм треба да се врати на повторно судење

6 October, 2017 - 19:44

Врховните судии треба да ја имаат пред себе правдата и совеста кога ќе одлучуваат за „Монструм“ смета професорот Гордан Калајџиев. Морална одлука е дали може да се прати некој на доживотна робија без доволно докази и фер процедура вели Калајџиев.

- Мое убедување е дека сега особено откако Јавното обвинителство на некој начин се двоуми, а тое е всушност тоа што го докажува и стои зад обвинението. Кога Јавното обвинителство веќе не стои со сигурност зад обвинението, судот дотолку повеќе веќе нема ниту морална основа. Јас кога би бил судија ако обвинителството има сомненија не би можел никого да пратам на доживотна робија, ако тој што ме убедувал дека тие се виновни, веќе не е сигурен. Тука немам никакви сомневања дека треба да се врати назад судењето, изјави Калајџиев.

Според него овие предмети како Монструм се тешки судења со притисоци од јавноста и се тест за судството вели професорот. Во општество како македонското, поделено по повеке основи смета дека се неминовни обидите за профитирање на политичките партии.

За посложени предмети како „Монструм“, Врховниот суд има 60 дена да донесе одлука, но досега  имало случаи кога и овој рок бил надминуван. Откако 5 мината судии ги слушнаа жалбите на обвинетите и предлогот на обвинителката, имаат можност да го проуччат предметот по што ке се закаже седница на која ќе се изјаснат за судбината на предметот „Монструм“. Значајно ќе биде и дали одлуката ќе се однесе со надгласување 3 наспроти 2 или пак едногласно. По ова се пишува одлуката која Врховен ја смета конечна откако сите 5 на судии на крајот ќе ја потпишат.

Елена Ивановска Мукоска 

Веста е прочитана 1589 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.