РАКОМЕТ

ЛШ: БОРОЗАН И ГУГЛЕТА ВО ТИМОТ НА КОЛОТО,ЦВИЈИЌ ЕДНА ОД 3.ЗВЕЗДИ

9 October, 2017 - 14:09

Вуко Борозан од Вардар  и Александар Гуглета   ракометар на Металург,  се најдоа во идеалниот тим на ЕХФ за 4.коло од  Лигата на шампионите.
Борозан постигна осум голови за Вардар во ремито (26:26) на гостувањето кај Пик Сегед, додека Гуглета седум пати ја затресе мрежата на Мотор во Харков (28:28).
Во тимот на колото влегоа и левото  крило  Џери Толбринг  од Кристијанштад,средниот  бек  на К.Шафхауезен  Габор Чазар , левиот  бек  на Цеље  Жига Млака,  
пикерот   Камил Шипжак од Барселона и голманот на Мешков Брест, Иван Пешиќ .Во женска конкуренција,ракометарката на Вардар Драгана Цвијиќ која постигна 7 голови против Ференцварош во победата на македоснкиот тим од 34-31, е избрана за една од трите звезди на колото во друштво на Ева Киш голманката на Ѓер и на Ивета Лужумова бекот на Турнигер. Признание од ЕХФ доби и голманката на Вардар  Ина Суслина,  а една од нејзините одбрани се најде меѓу најдобрите пет на колото.

Веста е прочитана 481 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.