САД ЛАНСИРА ВСЕЛЕНСКИ ТОВАРЕН БРОД „ДРАГОН“

19 April, 2014 - 11:06

Од космодромот „Кејп Канаверал“ во американската сојузна држава Флорида синоќа кон Меѓународната вселенска станица е лансиран товарниот вселенски брод „Драгон“ на приватната компанија „Спејс Екс“.

Бродот бил лансиран во 21:25 минути по средноевропско време и се очекува да пристигне на Меѓународната вселенска станица во текот на утрешниот ден.

„Драгон“ на „станарите“ на Меѓународната вселенска станица  им носи 2,5 тони храна, опрема и инструменти за научни експерименти.

Ова е трет од планираните 12 летови на „Драгон“ до Меѓународната вселенска станица, за што „Спејс Екс“ има договор со НАСА вреден 1,6 милијарди долари.

Веста е прочитана 175 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.