Вредноста на семејната кошничка изнесува 32 316 денари

19 October, 2017 - 18:04

За да го преживее  август,  на едно четиричлено семејство му биле потребни 32 316 денари. Од семејниот буџет најмногу пари издвојувале за храна, и тоа 13 422 денари, додека  за комунални трошоци  им биле потребни 8. 253 денари.  Според граѓаните, и овие пари се малку, но уште попоразително е тоа што голем  процент од семејствата ни тие ги немаат.

За опрема за куќа и одржување на едно четиричлено семејство му биле потребни 2 197 денари. За превоз граѓините  месечно трошеле 2 340 денари, а за облека и обувки 2129.

За се останато се штеди, или во најголемиот број случаи не се ни купува .

Овие тврдења се совпаѓаат со податоците за вреднсота на семејната кошничка кои ги објавува сојузот на синдикати. За одржувањето на личната хигиена издвојувале 980 денари, а одржувањето на хигиената во домот 1244. Најмалку пари од семејниот буџет се одвојува  за одржување на здравјето односно околу 680 денари, како и за посета на културни манифестации околу 1070 денари. Ова значи дека во најголемиот број случаи стасува само за храна и за комуналии

Според податоците на Заводот за статистика, последната објавена просечна нето плата во државата изнесувала 22 670. Ако се направи споредба со вредноста на потрошувачката кошница, односно потрeбните пари за да се преживее месецот, тогаш на едно семејство со еден приход во вредност од една просечна нето плата ќе му недостасуваат 9 646 денари. Ситуацијата е уште полоша во семејствата со еден вработен кој има минималната плата од 12 000 денари.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 2482 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.