ФЕНИ продаден на бугарски Енекод

20 October, 2017 - 18:07

Фени Индустри се спаси од стечај. По речиси еден месец преговори комбинатот е продаден на бугарската фирма Енекод. Станува збор за компанија од металуршкиот бизнис и специјализирана за производство и достава на електрична енергија. Деталите се веќе договорени, а новиот сопственик ги презема сите обврски кон доверителите и долговите кон банките.

„Тој договор денеска ќе се потпише и ќе се обезбеди иднината на ФЕНИ, да продолжи да работи, а новиот сопственик ќе ги преземе сите обврски кон банките и доверителите, а вработените да останат на работа“, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.

На денешната средба помеѓу вработените, владата и преставник на Енекод било договорено сите 1000 вработени да останат на работа а следната недела да им се исплати заостанатата плата. Новиот сопственик најавил нови инвестиции и повисоки плати.

„Имаат една заостаната плата ќе ја земат, а наскоро рестартирање на фабриката, бидејки струја и руда е обезбедена, треба само јаглен да се обезбеди од соседствот. Енекод најави разговори за висината на платите, рекоа дека се многу ниски, а просечно се 550 евра, кажа Пеце Ристевски од СИЕР.

Вкупните долгови на фабриката за производство на фероникел пред продажбата достигаа 60 мил.евра од кои 40 мил. кон банките, а 20 мил. кон стотици домашни фирми снабдувачи и други доверители. Индустрискиот гигант Фени повеќе од еден месец работи на одржлив минимум со една линија која само се одржува топла, производство нема, а имотот беше попишан од извршители бидејки фабриката не можеше да увезува и извезува и имаше блокирана сметка. Досегашен сопственик на Фени беше групацијата Кунико која поседува и рудник во Гватемала и фабрика на Косово.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 2565 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.