ФУДБАЛ

Килијан Мбапе е „Златно момче“ за 2017 година

23 October, 2017 - 15:42

Добитник на наградата „Златно момче“ за 2017 година е Килијан Мбапе од екипата на ПСЖ. Ова признание се доделува секоја година за најдобриот млад фудбалер во Европа под 21 година.

Мбапе годинава екпслодираше на фудбалска сцена и одигра вкупно 43 натпревари за Монако, ПСЖ и француската репрезентација. На само 18 години тој постигна вкупно 24 голови, а придодаде и 11 асистенции. Летово направи трансфер од Монако во ПСЖ, кој во првата сезона ќе биде позајмица, а во јуни „светците“ ќе платат 180 милиони евра за неговите услуги.

Во трката за оваа награда што ја доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“ ги победи неговиот сонародник Осман Дембеле, Габриел Жесус, Маркус Рашфорд и Џанлуиџи Донарума. 

Веста е прочитана 285 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.