ОН ги проширија санкциите против Северна Кореја

24 October, 2017 - 10:35

Комитетот за санкции на Обединетите нации задолжен за Северна Кореја ја прошири листата на производи и технологии кои не смее да се извезуваат во комунистичката држава.

На новата листа, која е проширена за 32 производи, се кутии кои може да се искористат за транспорт на радиоактивни материјали, системи за ладење, сеизмолошка опрема, софтвер за атомски истражувања и други производи.

Санкциите беа одобрени едногласно од страна на Советот за безбедност на ОН, откако Северна Кореја изврши ракетни проби и нуклеарно тестирање. 

Веста е прочитана 341 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.