Kонститутивна седница на германскиот Парламент

24 October, 2017 - 11:17

Новоизбраниот Парламент на Германија денеска ќе одржи конститутивна седница, на која се очекува за претседател да биде избран министерот за финансии во заминување Волфганг Шојбле, а во новиот состав, за првпат, ќе се најдат и пратеници од ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АФД).

Исламофобичната и антимигрантска АФД освои 12,6 отсто од гласовите на изборите на 24 септември и стана трета најголема партија во Германија.

Во новиот состав на Долниот дом на германскиот Парламент ќе има 709 пратеници, од кои 92 ќе бидат од редовите на АфД.

Пратениците денеска би требало да изберат и шест потпретседатели од различни партии.

Веста е прочитана 184 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.