КОШАРКА

АБА ЛИГА: МЗТ НЕ УСПЕА ДА ЈА ПОБЕДИ ЦИБОНА

24 October, 2017 - 14:57

Македонскиот кошаркарски шампион го претрпе  третиот пораз сезонава во Аба лигата и втор на домашен терен.Синоќа во СЦ Јане Сандански МЗТ не успеа да ја порази Цибона и загуби од хрватскиот тим со 76-83.После изедначена игра во првите  три  четвртини,клучни беа завршните 10 минути во кои МЗТ запиша скромни 11 поени а гостите  имаа подобра скок игра преку Томас и Жориќ.Бојан Трајковски со 25 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје , Јуре Лалиќ постигна 16 поени, Ерик Гарсија 14, а Дамјан Стојановски 12 поени. Жориќ со 25 и Томас со 22  коша  беа најефикасни кај Цибона.И во следното 6.коло,Металците ќе имаат  атрактивен противник.На 30 октомври МЗТ  и гостува на Црвена З.

Веста е прочитана 326 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.