Рахој : Прв чекор е смената на Пуџдемон

27 October, 2017 - 13:04

Шпанскиот Сенат ја почна седницата на која ќе се гласа за смена на Владата на Каталонија, откако регионот на 1 октомври одржа референдум за независност.

- Доколку се усвојат мерките, прв чекор на шпанската Влада ќе биде смена на Карлес Пуџдемон, изјави шпанскиот премиер Маријано Рахој пред Сенатот.

Сенатот ќе гласа за активирање на членот 155 од Уставот на Шпанија, што ќе доведе до воведување на принудна управа на Мадрид над Каталонија.

- Тоа што се случува во Каталонија претсатвува јасно кршење на законите, демократијата, правата на сите и тоа ќе има последици... Донесоа антидемократска одлука со која е прекршен законот и нормалното однесување во која било демократска држава, посочи Рахој.

Тој додаде дека специјалните овластувања на Мадрид не значат одземање на слободата на Каталонците, туку нивна заштита.

Се предвидува дека сенаторите, кои мнозинството се од Народната партија на Рахој, да ги изгласаат вонредните мерки, предложени од шпанската Влада за преземање на контролата над регионот Каталонија.

Во каталонскиот Парламент денеска ќе ја продолжи вчерашната седница, во кој доминираат сецесионистичките партии и на дневен ред би можело да се стави предлогот за отцепување од Шпанија. 

Веста е прочитана 254 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.