КРИМ КАКО КОЦКАРСКИ РАЈ - КОНКУРЕНЦИЈА НА МОНАКО И ЛАС ВЕГАС

21 April, 2014 - 14:33

Рускиот претседател Владимир Путин поднесе денеска до Државната дума предлог закон за легализација на коцката на полуостровот Крим, кој пред еден месец се присоедини кон Русија.

Парламентот најверојатно ќе го усвои предлогот, а тогаш локалните власти на Крим ќе треба да одредат зони во кои коцкањето е дозволено. Предлогот претставува обид економски да се зајакне полуостровот.

Според заменик-премиерот на Крим Рустам Термигалиев, идната зона коцкарници на Крим ќе биде сериозна конкуренција на Макао, Монте Карло и Лас Вегас.

- Наша задача е да создадеме туристички кластер кој ќе функционира за време на целата година, користејќи ја зоната со коцкање како предност, рече Термигалиев.

По забраната на коцкањето во 2009 година, во Русија се создадени четири зони во кои коцкањето е дозволено, а тоа се Владивосток, Алтај, Краснодар и Каљининград.  сп/14:02

 

Веста е прочитана 122 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.