Горивата поскапуваат до еден денар

30 October, 2017 - 13:15

Цените на бензините и на дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,67, односно за 1,81 отсто.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за еден денар по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 52, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 40,50 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 65,50 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,508 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 26,795 денари.

Како причина за зголемување на продажните цени на нафтените дееривати од РКЕ ги псочуваат за 3,63 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,501 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот. 

Веста е прочитана 204 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.