Пуџдемон обвинет за бунт

30 October, 2017 - 13:22

Шпанскиот јавен обвинител Хосе Мануел Маза изјави денеска дека разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, како и други регионални лидери ќе бидат правно гонети за бунт, по илегалното прогласување независност од Шпанија.

Маза изјави дека ја запрел наредбата Пуџдемон веднаш да биде уапсен и наместо тоа побарал во следните денови тој да се појави во Судот во Мадрид.

Во меѓувреме, парламентот на Каталонија ја откажа седницата закажана за утре, по преземањето на управувањето на регионот од страна на шпанската влада, изјави денеска извор од законодавниот дом.

Тој потврди дека регионалните власти ја прифатиле наредбата на Мадрид да се распушти Парламентот.

Во петокот, Шпанија ја разреши каталонската регионална Влада и го распушти каталонскиот Парламент, откако властите во Барселона еднострано прогласија независност на Каталонија.

Преземањето на контролата вез Каталонија од страна на централната власт треба да биде тестирано денеска, откако истакнати членови на каталонската администрација изјавија дека не го прифаќаат потегот на официјален Мадрид, а една граѓанска група повика на граѓанска непослушност кон одлуката на властите на Шпанија

Веста е прочитана 273 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.