Пуџдемон нема да бара политички азил во Белгија

31 October, 2017 - 13:42

Главен приоритет ни е да го избегнеме насилството, доколку има насилство, тоа ќе биде по одлука на шпанската Влада, изјави денеска од Брисел каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон, кој беше разрешен од шпанските власти.

- Ние ќе ги почитуваме резултатите од 21 декември, какви и да се, изјави Пуџдемон во однос на предвремените избори во Каталонија, распишани од Мадрид по одлуката за укинување на автономијата на регионот.

- Прашуваме дали шпанската држава ќе ги почитува резултатите, доколку победат партиите кои се залагаат за независност на Каталонија, праша Пуџдемон, кој за време на пресконференцијата се обрати на каталонски, шпански и француски јазик, со цел „да нема забуни“.

Тој ја повика ЕУ да дејствува, велејќи дека тоа што Каталонија е 30 години „в затвор“, претставува крај на идејата за Европа и европските вредности. 

- Нема да барам политички азил, истакна Пуџдемон и објасни дека се наоѓа тука бидејќи „Брисел е главниот град на Европа и оттука може да дејствува слободно и безбедно“.

Веста е прочитана 423 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.