КОШАРКА

АБА ЛИГА: ПОРАЗ НА МЗТ ОД ЦРВЕНА ЗВЕЗДА

31 October, 2017 - 14:13

Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа  пораз на гостувањето кај Црвена Звезда од 112-73 во меч од 6.коло во  регионалната АБА лига.

МЗТ Скопје  синоќа одигра сосема поинаков меч со Црвена Звезда во однос на  воведниот дуел  од сезоната со Партизан, другиот  белградски  кошаркарски гигант. Гостувањето кај актуелниот Аба шампион,Металците го завршија  со 4-ти  но и најубедлив пораз во тековната сезона од 73-112.Црвено-белите не дозволија никаво изненадување и  од самиот старт на мечот ја наметнаа фаворитската улога.МЗТ не беше во позиција да и парира на Звезда..Скопската екипа беше со   скратен ростер.Замина  американецот Џенсен кој не ги задоволи критериумите на стручниот штаб,неговата замена Спасојевиќ се уште не е во тимот а на неколкуте повредени играчи им се приклучи Бејли, откако синоќа  заработи удар во главата во третата четвртина.Домашните имаа плус 12 на полувремето и со фуриозните 33-8 во третиот период ја запечатија 4. победа и второто место на табелата зад Будуќност.Бојан Трајковски заврши со 30 поени кај МЗТ, како  најефикасен на мечот но и во 6.коло на Аба лигата. Следен предизвик за аеродромци е тимот на Мега Бемакс, кој в недела ќе гостува во Скопје.Како загревање,во  последниот  меч од 4. коло на  Првата лига,МЗТ в четврток ќе игра со досега непоразената Блокотехна.

Веста е прочитана 266 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.