Откриен идентитетот на двајца мажи со кои контактирал Пападопулос

1 November, 2017 - 10:28

Американските медиуми денеска објавија дека новинската агенција АП го открила идентитетот на двајца странски државјани главни за одржување на контакти меѓу Русија и поранешниот советник на американскиот претседател Џорџ Пападопулос.

Според пишувањата ма медиумите, АП тврди дека добила електронски писма од кои се наметнува заклучокот дека Пападопулос водел преписка со Џозеф Мифсуд и Иван Тимофеев.

Мифсуд е професор и почесен директор на лондонската Академија за дипломатија, а Тимофеев програмски директор на рускиот Совет за меѓународни односи во Москва.

Во судските документи поднесени од специјалниот истражител Роберт Мјулер не се именуваат тие двајца мажи.

Во нив е наведено дека Пападопулос во април 2016 година на Русите им дал „валкници“ за кандидатката на демократите на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, во форма на електронски писма, и дека тој бил во контакт со уште еден човек, кој имал врски со руското Министерство за надворешни работи. 

Веста е прочитана 5559 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.