ODBOJKA

СТРУМИЦА ТРЕТ ПАТ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

21 April, 2014 - 20:28

Одбојкарите на Струмица ја освоија шампионската титула во државниот шампионат на Македонија.

Струмичани попладнево со максимални 3:0 по  сетови 25:18, 25:12 и 25:18, го совладаа тимот на Синалко во третиот натпревар од финалната серија на плејофот.

За Струмица ова е трета титула шампион на Македонија, откако првата ја освои 1994 година, а втората пред две сезони (2012 година).

Екипата на Струмица сезоната ја завршува со двојна круна, бидејќи пред две седмици триумфираше во Купот на Македонија.

 

Веста е прочитана 125 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.