За банкарите нивото на лошите кредити не е загрижувачко

1 November, 2017 - 16:35

За банкарите нивото на лошите кредити кај компаниите не е критично, иако тоа во вториот квартал од годинава порасана до 10,6 проценти, за близу еден процентен поен. Станува збор за заеми кои фирмите не можат навреме да ги отплаќаат, и доцнат со ратите по три и повеќе месеци.

„Нефункционалните кредити се нормални секаде во светот. Јас не би ја оценил состојбата со нефункционалните кредити како критична“, вели Аргир.

Вчера и гувернерот Богов изјави дека нивото на лошите заеми не е загрижувачко, тоа, според него, често се менува.

За банките во овој период е многу голем проблем како да дојдат до добри проекти и клиенти кои би ги кредитирале, во конкурентската битка меѓу себе, принудени се и да ги намалуваат каматните стапки.

Кога би имало повеќе издржани проекти, банките многу помалку би вложувале во државни хартии од вредност, а дали и колку државата ќе се задолжува на домашниот пазар, тоа е прашање на нејзината политика, вели Аргир.

Нина Нинеска-Фиданоска

Веста е прочитана 597 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.