ФБИ трага по уште еден Узбекистанец за нападот на Менхетен

2 November, 2017 - 10:23

Американската полиција и Федералното истражно биро објавија дека трагаат по уште еден Узбекистанец, поради негова вмешаност во нападот на Менхетен во кој беа убиени осум луѓе, а повредени 11 други случајни минувачи. Полицијата трага по 32-годишниот Мухамдзоир Кадиров, за кого е објавена и фотографија.

Во меѓувреме, објавено е официјално федерално обвинение за тероризам против 29-годишниот емигрант од Узбекистан, Сајфул Саипов, кој е одговорен за нападот. Саипов е обвинет за пружање материјална поддршка и ресурси на странска терористичка организација и за насилство и уништување со моторно возило.

Тој  призна дека бил инспириран од видео снимки на Исламска држава и одлучил да го изврши нападот на празникот Ноќта на вештерките, бидејќи очекувал повеќе луѓе на улиците. Неговата цел била, откако ќе убие колку што може повеќе луѓе во близината на Светскиот трговски центар, да продолжи до Бруклинскиот мост, каде ќе продолжел да гази минувачи.

Како одговор на нападот, претседателот Доналд Трамп најави дека ќе ја укине визната лотарија, преку која Саипов дошол во САД, а ја отвори и можноста тој да биде испратен во затворот за исламисти во воената база Гвантанамо, на Куба.

Веста е прочитана 486 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.