Царината за 10 месеци оствари повисоки приходи за 7,8 отсто

2 November, 2017 - 11:01

Царинската управа на Република Македонија во изминатите 10 месеци од годинава ги натфрли приходите за 7,8 проценти. Остварените приходи изнесуваат 64,5 милијарди денари што е за 4,7 милијарди денари повеќе од тој период минатата година.

- Царинската управа на Република Македонија во изминатите 10 месеци од годинава продолжи со успешна реализација на наплата на давачки при увоз  како царина, данок на додадена вредност и акцизи и наплата на акциза не само при увоз, туку и во внатрешен промет, вели директорот на Царинската управа на Република Македонија Ѓоко Танасоски во интервју за МИА. 

Тој додава дека успехот остварен при наплатата на приходите се должи на повеќе фактори, а пред се на зголемена финансиска дисциплина на сите учесници во трговијата. Според него, многу е важна и соработката со институциите кои вршат контрола на внатрешниот пазар, особено со Управата за јавните приходи и Државниот пазарен инспекторат.

Веста е прочитана 479 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.