Билд: Германските власти не знаат каде се наоѓаат околу 30.000 мигранти

2 November, 2017 - 11:48

Германските власти не знаат каде се наоѓаат околу 30.000 странци со одбиен азил на територијата на Германија и пропишана депортација. Тоа го соопштува германскиот весник „Билд“.

Изданието наведува дека до декември 2016 година, 54.400 луѓе биле одбиени за азил, но 23.600 продолжиле да примаат различни парични надоместоци од државата во очекување депортација.

Во моментов, миграциските власти не знаат каде се наоѓаат другите 30.800 жители, стои во статијата.

Германското Министерство за внатрешни работи вели дека има неколку објаснувања. Или некои мигранти продолжуваат да се кријат на територијата на Германија, или миграциската служба што ја извршила депортацијата сѐ уште не ги пренела податоците во централниот регистар.  

Веста е прочитана 387 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.